Заменик амбасадорот на САД читаше сликовници со учениците во Чаир за да ја истакне важноста на писменоста

На 2 април, заменик амбасадорот на САД, Бартон Путни учествуваше на настанот „Читањето и математиката се забавни“, организиран во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ во ОУ „Васил Главинов“ – Чаир. Настанот беше збир од забавни едукативни активности каде учествуваа околу 60 ученици од почетните одделенија, како и нивните родители и наставници.  

DSC 0095
Заменик амбасадорот Путни изјави: „Постојат толку многу интересни книги, секоја од нив ни открива нови светови. Дури и кога читаме само за задоволство, секоја нова страница може да биде вредна лекција која ќе ги прошири нашите хоризонти“. Тој исто така ги охрабри сите возрасни да читаат со децата бидејќи сите ние, дали во улога на наставници, родители, роднини, пријатели или соседи, можеме да придонесеме за негување на љубовта кон читањето и математиката кај најмладите ученици. Настанот „Читањето и математиката се забавни“ понуди и креативни математички активности кои ги водеше професорот Бујар Саити.

Градоначалникот на општина Чаир, Изет Меџити, и директорот на училиштето „Васил Главинoв“, Ќамуран Кучи,  ги поздравија присутните и изразија своја поддршка за активностите на проектот.

DSC 0269

Во дворот на училиштето, „Библиотеката на тркала“ ги понуди ресурсите на сите ученици и нивните наставници.    10447731 934706753247499 3945571183976369906 n

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието