Училишен календар на активности за 2015 год.

Фондација „Чекор по чекор“ во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ подготви Училишен календар на активности за 2015 година. 

Училишниот календар на активности е подготвен со цел да ја поттикне креативноста на наставниците и родителите во осмислување активности со кои воспитувањето и пренесувањето знаење ќе се претвори во заедничка забава.

Многу меѓународни, како и денови посветени на историски и социјални настани, славни личности, природни појави и друго, ги забележавме во овој календар како идеи за активности на зададена тема.  

Календарот е достапен во електронска (PDF) верзија на следните линкови:

македонски јазик 

албански јазик

Календарот може да го најдете и во интерактивна форма (FLIP книга) во нашата Дигитална библиотека, во делот Останати материјали

Се надеваме дека во календарот ќе најдете теми кои ќе ви бидат интересни вам и на децата. 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието