Став по повод пандемијата КОВИД-19

Ова е заеднички став за пандемијата предизвикана од КОВИД-19 на Јурочајлд (Eurochild), Меѓународната асоцијација Чекор по чекор - ИССА (International Step by Step Association), Ромскиот образовен форум - РЕФ (Roma Education Fund) и Европската алијанса за јавно здравје - ЕПХА (European Public Health Alliance).

Време да ги преосмислиме нашите општества и економии, или
Зошто раното детство треба да биде врвен приоритет

Сегашнава криза ни нуди скоро неограничени можности поинаку да ја замислиме иднината на нашите општества и економии поучени од искуствата од минатото. Колку ќе бидеме просперитетни и отпорни на подолг рок, ќе зависи од тоа колкав приоритет ќе им дадеме на потребите на најмладите генерации и на оние кои се грижат за нив.

Распространувањето на КОВИД-19 го покажа вистинското влијание на штедењето во изминатата декада кое во многу делови на Европа ги сведе здравствените и социјалните системи на најниска можна точка.

Кризата соголи неколку вистини кои или ги сме ги заборавиле или сме ги запоставиле:

• Заштитата на најранливите делови на општеството укажува на нивото на заштита на општеството како целина;
• Нивото на политичка посветеност на власта за осигурување на благосостојба, здрав развој, образование и воспитание на сите мали деца претставува силен индикатор за тоа колку оние кои ја водат земјата се насочени кон иднината и кон едно генеративно општество кое се грижи за идните генерации;
• Голема е потребата за згрижување на децата и обезбедување поддршка за нивниот развој и сите служби наменети за семејствата, меѓу кои предучилишното образование, воспитание и згрижување, социјалната и здравствената заштита, училиштата, и за пошироката заедница се од суштинска важност за едно функционално општество;
• Вработените во здравствените, социјалните и образовните установи играат клучна улога во социјалната заштита и придонесуваат за интегритетот и функционирањето на клучните социјални сектори и целокупното општество;
• Јавните расходи наменети за поддршка и заштита на најранливите групи претставуваат инвестиција која е неопходна ако сакаме да ги опфатиме сите.
Така се подобрува социјалната интеграција и се обезбедуваат идни заштеди во здравствените и социјалните расходи на долг рок.
• Здравјето на населението е темел на општеството а социјалните детерминанти на здравјето и еднаквоста се од клучна важност.

Здравствената и социјалната поддршка за сите семејства со деца се клучни двигатели на одржлив економски развој и социјална кохезија. Имајќи на ум дека „потребно е целото село за да се израсне дете“, јавната поддршка за семејствата и заедниците не смее да се смета за трошок, туку за инвестиција.

Науката која го истражува раниот детски развој нагласува дека првите години се од суштинска важност за развојот и благосостојбата за секое дете во текот на целокупниот негов живот. За здрав раст и развој потребна е соодветна исхрана, дом, здравствена заштита, физички активности, рана стимулација и одговорна грижа, што обезбедува најповолен старт во животот и ја спречува нееднаквоста. Солидните темели на почетокот на животот се основа за раст и развој за сите поединци и сите општества.

Основен предуслов за благосостојбата не целокупното општество е здравиот холистички развој на децата во најраното детство.

Јавните услуги во раното детство се еден од столбовите на развојот на општествата и економиите

Сите деца заслужуваат најдобар можен старт во животот, а на семејствата им е потреба помош за да им го обезбедат. Пристапот до квалитетна здравствена грижа, достапни лекови и вакцини, соодветна исхрана, безбедна средина, служби за поддршка на децата и родителите и можности за рано учење (програми за помош во донот, формални и неформални услуги) го помагаат оптималниот физички и психички развој. Службите за ран детски развој се клучни елементи на здравите темели на општеството. Тие мора да се пристапни и финансиски достапни за сите. Со соодветна поддршка и взаемна соработка меѓу сите сектори, тие можат да им пружат услуги на СИТЕ млади граѓани и нивните родители, семејства и сите оние кои за нив се грижат.

Преку приоритетно инвестирање во услуги за ран детски развој, властите придонесуваат за поголема колективна благосостојба, наместо да се фокусираат единствено на БДП. Поставувањето на благосостојбата на децата и семејствата и општествената одговорност како врвни приоритети, ќе придонесе за подобар
живот на сите граѓани.

Иднината на нашите општества ќе биде подобра само ако СЕГА се фокусираме на благосостојбата на сите деца и нивните семејства!

Ве покануваме да ги погледнете Ставот на Јурочајлд за КОВИД19 (Eurochild's statement on COVID19), Компилацијата ресурси (COVID19 resources), Заедничкиот став за КОВИД19 на алијансата на ЕУ за инвестирање во децата (EU Alliance for investing in children's joint statement) и информациите за напорите на членките на Јурочајлд за справување со кризата.

Ве покануваме да ги прочитате Ставот за КОВИД19 на Мрежата на ИССА за поддршка на децата Роми (SSA's Romani Early Years Network action statement on COVID19) во која членуваат 11 национални мрежи, Пораката од Секретаријатот на ИССА (Message from the ISSA Secretariat), Ресурсите за КОВИД19 (COVID19 Resources), и Глобалниот повик за акција (Global Call to Action) кон кој ИССА придонесува.

Ве покануваме да ги прочитате Ставот за КОВИД19 на ЕПХА (EPHA's statement on COVID19), Потребата за Заеднички европски пристап кон пандемијата (common European approach to the pandemic) и други информации на порталот на ЕПХА за КОВИД19 (EPHA portal on COVID19).

Ве покануваме да го прочитате Ставот за КОВИД19 на РЕФ (REF's comprehensive COVID19 statement) кој го поддржуваат 21 организација.

Контакт: Agata D'Addato, Виш проект менаџер, Eurochild (Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.).

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието