Прославување и наградување на наставничката професија!

 

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“ – Македонија, продолжува да се залага за негување на вредностите и достоинството на учителската професија. Како што споделивме и во обраќањето по повод 15 годишнината на Фондацијата „Чекор по чекор“, незимерно ја почитуваме наставничката професија и знаеме дека и покрај сите тешкотии со кои се среќаваат наставниците, сѐ уште има наставници кои веруваат во својата професија и остануваат во неа затоа што ги сакаат децата, затоа што веруваат дека на тие деца ќе им пренесат знаења, умеења и вредности.

Една организациите која на светско ниво се залага за унапредување и наградување на наставничката професија е и Фондацијата „Варки“ (Varkey Foundation). Од 2015 година наваму, оваа фондација организира годишен натрпевар за наставници од цел свет под наслов “Global Teacher Prize” кој претставува еден вид на „наставнички оскар“. На изборот во 2015 година, Весела Богдановиќ, одделенски наставник од Ивањевци, Могила и долгогодишен соработник на Фондацијата „Чекор по чекор“ влезе во потесниот избор од 50 најдобри наставници во светот. Во март оваа година, во гламурозна свеченост во Дубаи беше прогласена победничката за оваа година – Енди МекДауел, наставничка која инспирира со својата работа во тешки услови во канадскиот дел од Арктикот. Таа доби награда од 1 милион долари кои треба да ги вложи за унапредување на животот во нејзината локална заедница!
Следејќи го примерот со “Global Teacher Prize” на Фондацијата „Варки“ сега повеќе од 20 земји започнаа да организираат свои национални избори за „нај наставник“ меѓу кои и Албанија, Португалија, Тунис, Украина и Јапонија.

Изборот за „нај наставник“ на Фондацијата „Варки“ за 2018 година е отворен!

Од денес па сѐ до 8 октомври 2017 год., официјално е отворен конкурсот за “Global Teacher Prize” за наставници од целиот свет. Пријавете се вие или номинирајте наставник!

На повикот може да се пријават сите наставници кои:

- Во училницата применуваат иновативни наставни практики
- За својата работа добиваат признание од учениците, колегите, родителите и целата заедница
- Придонесуваат за образовна дебата
- Ги подготвуваат учениците да станат активни и одговорни граѓани

Кликнете на линковите за ВАША ПРИЈАВА или да НОМИНИРАТЕ НАСТАВНИК. Апликацијата треба да се подготви на англиски јазик. Фондацијата „Чекор по чекор“ стои на располагање за помош при пополнување на апликацијата за наставниците од Македонија кои се заинтересирани да се пријават на повикот. 

Среќно! 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Dendo