Презентација на резултатите од национална студија за писменост со образовните институции

На 22 септември, Фондацијата „Чекор по чекор“ организира официјална презентација на резултатите од националната студија за јазична и математичка писменост која беше спроведена во мај 2016 на репрезентативен примерок од 8000 ученици од сите основни училишта во Република Македонија, на македонски, албански и турски наставен јазик.

21686244 1429368877176341 7390867381248413322 n
На презентацијата свое обраќање имаше министерката за образование и наука, Рената Дескоска, а учествуваа претставници на Бирото за развој на образованието, Државниот испитен центар, наставничките факултети, меѓународната донаторска заедница, локални организации, како и претставници од основните училишта во Македонија.

Во своето обраќање, министерката Дескоска истакна дека овие резултати и препораките од студијата ќе бидат земени предвид во натамошните ревизии на наставните програми, бидејќи подигнувањето на нивото на јазичната и математичката писменост е една од најзначајните цели на оваа Влада, особено во пресрет на меѓународните тестирања во кои ќе учествува и Македонија.

21617845 1429363630510199 1817706270181064065 n„Напредокот на општеството зависи од можноста, способноста и желбата за читање на младите граѓани, а наша одговорност е да ги зајакнеме кревките ученички плеки на кои го носат прогресот на идното општество. Резултатите од националната студија за процена на почетната состојба со јазична и математичка писменост кај учениците од почетните одделенија од основните училишта во Македонија зборуваат за сериозни проблеми и ниско ниво на читање со разбирање и математичка писменост. Потребни се промени за постигнување на квалитетно образование, а тие промени ќе се станат реалност со планираната ревизија на наставните програми. Резултатите од националната студија за процена на почетната состојба со јазична и математичка писменост кај учениците од почетните одделенија од основните училишта во Македонија зборуваат за сериозни проблеми и ниско ниво на читање со разбирање и математичка писменост. Потребни се промени за постигнување на квалитетно образование, а тие промени ќе се станат реалност со планираната ревизија на наставните програми. Благодарност за оваа голема и исклучително значајна анализа која била спроведена со 8000 ученици.“ – Министерката за образование и наука, Рената Дескоска

По презентацијата на резултатите, следеше плодна дискусија со препораки и идеи за понатамошни активности кои ќе ја подобрат почетната јазична и математичка писменост на учениците во Македонија. Предлозите и препораките беа на системско, училишно и наставно ниво, како и во насока за поголемо вклучување на родителите.

Фондацијата „Чекор по чекор“ упатува благодарност до сите учесници за огромниот придонес во дискусијата и препораките за кои веруваме дека ќе бидат земени предвид при ревидирањето на наставните програми за одделенска настава.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Dendo