Потпишан меморандум за соработка меѓу МОН, УСАИД Македонија и Фондација „Чекор по чекор“ за спроведување на Проектот „Со читање до лидерство“

На 9 декември 2014 година, во хотелот Холидеј Ин – Скопје, министерот за образование и наука, Абдилаќим Адеми, директорот на Мисијата на УСАИД, Џејмс Стајн и извршната директорка на Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор“, Сузана Киранџиска, потпишаа меморандум за разбирање за спроведување на активностите на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“.
Potpisuvanje MoU koregirana

Меморандумот за соработка ќе обезбеди вклученост на релевантните чинители во образованието во заедничко планирање и спроведување активности насочени кон процена и унапредување на основните јазични и математички вештини кај учениците од почетните одделенија во Македонија

„Во рамките на овој проект, за прв пат во мај 2014 година беше извршено систематско собирање податоци за постигањата по математика и мајчин јазик кај учениците од второ и трето одделение во одбран број училишта од целата држава. Целта на овие податоци е да ни покажат колку децата успеале да ги совладаат основните јазични и математички вештини во првите години од нивното образование“, рече министерот Адеми. 

Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, Џејмс Стајн, истакна: „УСАИД партнерски ќе соработува со МОН и основните училишта во земјата со цел да се соберат податоци за постигањата по мајчин јазик и математика. Овие податоци ќе ни помогнат да донесеме издржани одлуки во образованието кои би придонеле за подобар успех на учениците.“ 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието