Покана за настан „Читањето и математиката се забавни“ на 8-ми јуни во Градски парк - Скопје

По повод завршувањето на учебната година, Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ организира голем настан „Читањето и математиката се забавни“
 
На овој настан добредојдени се сите деца, големи и мали, а особено учениците од почетните одделенија во основното образование кои сега учат да читаат, собираат, одземаат... Добредојдени се и нивните родители, постари браќа и сестри, баби, дедовци и пријатели..
 
Ве очекуваме во Градскиот парк - Скопје, кај „Школка“, на 8-ми јуни (недела) од 11:00 - 15:00 часот.
  
Читањето и математиката се забавни во Градски парк Скопје
 
Ве очекуваме на забавно учење!
Тимот на Проектот на УСАИД “Со читање до лидерство“ 
 
За повеќе информации во врска со оваа и останатите активности на проектот, контактирајте со Ана Димовска, Координатор за комуникација и информирање на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ на: Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. или (072) 307-321.
 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието