Подготвени се пет електронски сликовници на босански јазик

 

Фондацијата „Чекор по чекор“ продолжува со своите заложби за квалитетни ресурси за учење и читање кои ќе бидат достапни за учениците на што поголем број наставни јазици. Овојпат, одбравме пет наслови од збирката сликовници „Нашата прва библиотека“ и во соработка со здружението за Промоција на бошњачката жена и култура „Диванхана“ ги подготвивме во двојазично електронско издание на босански и македонски јазик.

Во Република Македонија, по експериментален програм за настава на босански јазик работат три основни училишта: ОУ „Рајко Жинзифов“ – с. Долно Оризари, Велес; ПОУ „Дитуриа“ – с. Љубин, Сарај и ОУ „Алија Авдовиќ“ – с. Батинци, Студеничани. Изборниот предмет Јазик и култура на Бошњаците се учи во 5 дополнителни училишта во општините Петровец, Чаир и Долнени.

Учебници за редовна настава по босански јазик во државата нема. Подготвени се учебници за босански јазик како изборен предмет од трето до деветто одделение и оваа учебна година треба да бидат отпечатени. Изборот на дополнителна литература е многу мал. Наставниците најчесто ја држат наставата со тоа што директно преведуваат учебници и книги од македонски на босански јазик.

„Збирката сликовници од проектот пристигна кај нас во училиште на македонски јазик. Ние, учителките, ги читавме и директно им ги преведувавме на учениците. Двојазично преведените сликовници ќе бидат олеснителни за нас и она што е најважно, ќе бидат интересни за учениците да читаат на својот мајчин јазик, а истовремено да го совладуваат текстот и на македонски.“ - Санела Тариќ, одделенски наставник во с.Љубин, Сарај.

Затоа овие пет сликовници, во недостаток на друга литература на босански јазик, ќе бидат од големо значење за сите вклучени во образовниот процес и наставници и ученици и родители, како што споделија со нас наставниците. До петте сликовници може да пристапите преку нашата Дигитална библиотека или со кликнување на илустрациите во продолжение.

mrazulec

devojceto

fotelja

portokali

kuce

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието