Отворен е реновираниот Детски креативен центар во МКЦ - Скопје

Проектот на УСАИД, „Со читање до лидерство“ на 10 септември 2014 год. официјално го отвори обновениот Детски креативен центар при Младинскиот културен центар - Скопје.

Детскиот креативен центар е претворен во прв специјализиран центар во земјата, што им овозможува на учениците да се вклучат во различни активности со читање и математика, со или без помош од нивните родители и наставници. Тоа е простор од отворен карактер, каде што наставниците ќе бидат поттикнувани да го дадат својот придонес со позитивни примери од нивната наставна практика. 

69289

Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, г-ин Џејмс Стајн, во своето обраќање изјави: „Читањето и основните математички вештини се појдовна точка за речиси сите други животни вештини. Истражувањата постојано доаѓаат до сознанија дека доколку израснеме една генерација на читатели, тогаш е многу поверојатно дека ќе израснеме една генерација на одговорни граѓани, кои донесуваат одлуки базирани на релевантни информации и активно придонесуваат во нивните заедници“.

DSC 0099
Раководителката на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“, г-ѓа Сузана Киранџиска, и директорот на Младинскиот културен центар – Скопје, г-ин Златко Стевковски, ги повикаа наставниците, учениците и родителите да го посетат центарот и да се вклучат во иновативни и креативни активности за читање и математика.

IMG 0799

IMG 0776

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието