Се одржа настанот „Олимпијада за читање и математика“

32670629 10156417128182855 5188533850363396096 n

32736387 10156416923927855 2480155687145963520 n

На 16 мај 2018 год., Фондацијата „Чекор по чекор“ во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ беше домаќин на настанот „Олимпијада за читање и математика“ на сцената „Школка“ во Градскиот парк во Скопје. Повеќе од 200 ученици и наставници од основните училишта ширум земјата ни се придружија на прославата и учествуваа во едукативни активности. Учениците имаа прилика соработувајќи со своите соученици да решаваат интересни математики и читачки предизвици, а нивните наставници споделуваа најдобри практики за поучување математика и јазик со своите колеги од другите училишта. Настанот беше од ревијален карактер.

DSC 0093

 

На настанот ни се придружија и се вклучија во активностите со учениците и министерката за образование и наука, Рената Дескоска, амбасадорот на САД во Р. Македонија, Џес Бејли и неговата сопруга Кејпи Полк Бејли, директорот и заменик-директорот на Бирото за развој на образованието, Зеќирија Хасипи и Ванчо Петрушевски, и заменик-директорот на Државниот испитен центар, Елвин Хасан. Им благодариме на УСАИД и Амбасадата на САД во Р. Македонија, Министерството за образование и наука, Бирото за развој на образованието и Државниот испитен центар за поддршката на сите активности на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ и на „Олимпијадата за читање и математика“.

DSC 0210 2

 

DSC 0313

DSC 0351

Од се срце им благодариме на наставниците и учениците од: ОУ Браќа Миладиновци - Куманово; ОУ Кочо Рацин - Ивањевци, Могила; ПОУ Маца Овчарова - Велес; ОУ Христијан Тодоровски Карпош - Драгоманце: ОУ Христијан Карпош - Куманово; ОУ Кирил и Методиј - Тетово; ОУ Илинден - Крива Паланка; ОУ Мирче Ацев - Ѓорче Петров, Скопје; ОУ 11 Октомври - Центар; ОУ Петар Здравковски Пенко - Бутел. Им благодариме и на студентите од Факултетот за образовни науки - Штип и Педагошкиот факултет „Св.Климент Охридски“ - Скопје за нивната поддршка во активностите со децата. Учесниците од овие училишта и сите останати учесници кои ни се придружија на „Школка“ придонесоа со својата креативност, знаење и позитивна енергија и ја направија „Олимпијадата за читање и математика“ да биде настан за паметење!

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието