Одбележување на Детската недела на интересен начин

 

Секоја година во првата недела од месецот октомври во училиштата во Македонија се одбележува „Детската недела“ со разни активности во и надвор од училиштата. Во ООУ “Јоаким Крчоски“ - Волково веќе години наназад традиционално се одбележува „Детската недела“со повеќе активности, но она што е најинтересно за учениците е што добиваат можност да влезат во улога на наставници и асистенти и да реализираат час за своите соученици. 

viber image3

„Целата недела во нашето училиште часовите ги реализираа учениците, а наставниците им ја дадоа неопходната поддршка и помош да ја остварат целта.“ сподели со нас Гордана Несторовска, психолог од училиштето. „Сите ученици во нашето училиште се вклучени во ова, без никаков исклучот. Во текот на часовите, наставниците ја имаа улогата на ученици, седеа во училишните клупи, решаваа задачи заедно со останатите ученици и следеа настава од своите нови ,,колеги“. Останатите ученици со радост ја прифатија новата состојба во која се реализираше наставата од нивните соученици. “ – додава психологот Гордана.

viber image2
Дел од учениците самостојно изготвија наставни листови и помагала кои ги користеа на часот и дополително ја разубавија Детската недела. Учениците-наставници се грижат за дисциплината, за реализација на часот, а обезбедуваат и ученици-ментори за своите другари со посебни образовни потреби.

viber image
Во училиштето се реализираа и други активности како собирање добороволни прилози со продажба на маркички за Детската недела, промоција на кандидати и гласање за избор на претседателство на Ученичка заедница. Последниот ден од неделата се одбележа Светскиот ден на детето со прием на првачињата во Детската организација со пригодна приредба „Од децата за децата“ реализирана од нивните другари од одделенска настава.

DSC00108
На крајот од оваа весела и инспиративна недела учениците искажаа големо задоволство од добиената можност да реализираат часови, да бидат во улога на наставници, но и ја сфатија одоговорноста на наставниците во текот на наставата. Оваа недела донесе нови искуства за наставниците и за учениците.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Dendo