Објавен нов прирачник со 50 активности за јазична писменост

 

Во рамки на Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ објавивме нов прирачник „Чекор по чекор до јазична писменост- 50 активности за совладување на јазичнитеcover mk вештини“. Прирачникот е достапен на македонски и албански јазик. За верзијата на македонски јазик, кликнете ТУКА или на илустрацијата од десна страна. 

Во овој прирачник земени се предвид сите препораки и сознанија од научни студии и истражувања кои се правени во последниве години и кај нас и во светот, и на наставниците им се предложени стратегии, идеи и инструкции за користење на разни визуелни и манипулативни дидактички средства за совладување на содржините од областа на јазичната писменост.

Иако во овој прирачник е посветено големо внимание на читањето како главна јазична вештина која се совладува во почетните одделенија, со подеднаквa важност се третирани и сите останати подрачја од наставната програма по мајчин јазик за за почетните одделенија: (1) Слушање и говорење; (2) Почетно читање и пишување; (3) Јазик; (4) Литература; (5) Изразување и творење и (6) Медиумска култура.

За секоја активност се излистани потребните материјали, даден е опис на истата и дадени се едноставни насоки кои можат да му помогнат на наставникот при подготовката и реализацијата на активноста. Ги покануваме сите наставници, но и родители, да ги користат овие активности во подучување на децата во училница и дома, а постои и простор за секој да ги збогати или измени активностите со свои креативни решенија.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието