ОБЈАВЕН КОНКУРС ЗА СТИПЕНДИИ ЗА УЧЕНИЦИ РОМИ запишани во прво одделение во учебната 2019/2020 година

Фондацијата Отворено општество – Македонија заедно со своите партнери Здружението Центар за образовна поддршка Дендо вас и Фондацијата за образовни и културни иницијативи Чекор по чекор, во рамки на проектот „Редовно на часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“, објави конкурс за стипендирање на 315 ученици Роми запишани во прво одделение во учебната 2019/2020 година.

Преку овој конкурс финансиран од Европската Унија, ќе се обезбедат стипендии кои ќе овозможат вклучување на што поголем број деца Роми во основното образование, нивна редовност на часови, но и успешно преминување во следните одделенија. Со стипендиите воедно ќе се намали финансискиот трошок на ромските семејства поврзан со школувањето на нивните деца.

Конкурсот за стипендирање се однесува на период од една учебна година, а стипендијата во висина од 400 евра годишно (во денарска противвредност) е наменета за покривање на трошоците за школување на децата, храна, облека, училиштен прибор и материјали, спортска и друга опрема за воннаставните активности на децата. На конкурсот ќе можат да се пријават ученици Роми кои се запишани во прво одделение во учебната 2019/2020 година, чии семејства се приматели на гарантирана минимална помош, но не се корисници на друга стипендија обезбедена со финансиски средства на Европската Унија. Важно е да се напомене дека семејствата на кандидатите кои ќе добијат стипендија не го губат правото на гарантираната минимална помош. Редовните ученици, како и оние кои успешно ќе преминат во следното одделение, ќе можат да ја задржат стипендијата за тековната година и потенцијално да ја обноват за следните две учебни години.

Крајниот рок за пријавување е 10 декември (вторник) 2019 година.

Деталите за конкурсот и начинот на пријавување се наоѓаат на веб-страницата на Фондација Отворено општество – Македонија на следниот линк: https://bit.ly/2XiFXAj а пријавата може да се преземе од линкот https://fosm.mk/wp-content/uploads/2019/11/konkurs-i-prijava-zaedno-2019-2020_8.pdf 
Дополнителни информации врзани со конкурсот и проектот може да се добијат во просториите на ФООМ, телефонски на 02/2477107, или пак преку електронска пошта на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите..

*****
За проектот „Редовно на часови: Акција за вклучување на Ромите во основното образование“

Проектот „Редовно на часови“ пред сé има за цел да овозможи еднаков пристап до образование за децата Роми и да ги мотивира децата да бидат редовни на часови, но и да обезбеди инклузивна средина за учење каде ќе се почитува различноста и каде сите деца ќе се чувствуваат добредојдени и подеднакво стимулирани да успеат. Проектот е финансиран од Европската Унија и ќе се имплементира до октомври 2022. Повеќе информации можете да најдете на https://bit.ly/2O8T7ve.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието