Да го одбележиме Меѓународниот ден на писменоста!

8-ми септември е прогласен за Меѓународен ден на писменоста од страна на УНEСКО во 1966 година. За прв пат е одбележан наредната - 1967 година и оттогаш се прославува низ многу земји во светот. Целта на Меѓународниот ден на писменоста е да се истакне важноста на писменоста кај поединците, заедницата и општеството. 

Оваа година, Меѓународната асоцијација за читање (The International Reading Association) во соработка со НАСА, го одбележува Меѓународниот ден на писменоста преку иницијатива во која ги поврзува писменоста и знаењето за вселената.

Целта на оваа иницијатива е да им се помогне на учениците да стекнат навика за читање и описменување со тоа што во период од 60 дена, почнувајќи од 8-ми септември, секој ден ќе посветуваат дополнителни 60 секунди на различни активности за зајакнување на писменоста. Дел од тие активности се: составување зборови од дадени букви, брзо читање или пишување приказни и песнички на одредена тема.

Ги охрабруваме сите да се вклучат во одбележувањето на Меѓународниот ден на писменоста и да ја шират пораката дека развивајќи ја навиката за читање, пишување, слушање и говорење придонесуваме за понатамошен успех кај учениците. И дека за тоа се потребни само 60 секунди дневно!

Повеќе информации за оваа иницијатива, како и конкретни активности за зајакнување на писменоста ќе најдете на:http://www.reading.org/international-literacy-day-2014/home

ild-activity-kit Page 01

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието