Конкурс за изработка на подготовки за час со примена на дигитални сликовници

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ распишува јавен конкурс за изработка на подготовки за час со примена на дигиталните сликовници кои проектот ги изработува во рамките на своите активности.

Сликовниците за кои треба да се изработуваат подготовките може да се најдат во Библиотеката на веб сајтот на Чекор по Чекор или на следниот линк: http://stepbystep.org.mk/mk/biblioteka

На конкурсот може да се пријават сите заинтересирани наставници и сите кои дејствуваат во областа на образованието. Дневните подготовки треба да бидат изработени во еден од двата обрасци во продолжение:

- Образец бр.1 за подготовка за час може да го симнете тука 

или:

- Образец бр.2 за подготовка за час може да го симнете тука

*Ве молиме одберете еден од двата примери, според Вашите потреби. 

Подготовките, заедно со попратни материјали (работни листови и сл.) треба да бидат доставени по e-mail на Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите. најдоцна до 8 март 2015 година. 

Најдобрите подготовки ќе влезат во збирка на подготовки со интеграција на дигитални сликовници која ќе биде дистрибуирана до сите наставници по електронски пат.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието