Го прославивме 8 Април заедно со американскиот амбасадор Бејли

Амбасадорот на Соединетите Американски Држави, Џес Л. Бејли го одбележа Меѓународниот ден на Ромите заедно со децата, родителите и тимовите од центрите: „Дендо Вас“, „Надеж“ и „Амбрела“ во Шуто Оризари. 

11143317 10152809447267157 2693014066166468556 n

Амбасадорот беше дел од активноста „Читањето и математиката се забавни“ организирана од Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ каде читаше сликовници со најмладите ученици и се запозна со едукаторите, волонтерите и раководните тимови од трите центри. 

10491158 938247449560096 9033841265051548785 n

За време на овој настан кој се одржа во просториите на центарот „Надеж“, и актерката Емра Куртишова читаше сликовници со децата, а достапна беше и „Библиотеката на тркала“ која ги понуди своите ресурси: сликовници, аудио книги и математички игри.

11051799 938253169559524 5943569229793621897 n

11031135 938247536226754 6636331374359695993 n

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Save the children EU DIC Биро за развој на образованието