Библиотеката на тркала како дел од патувачкото кино на МакеДокс

Библиотеката на тркала која функционира во рамки Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ ќе се придружи на организацијата МакеДокс за време на нивното патувачко кино ова лето. МакеДокс го организира патувачкото кино секое лето од 2011 година со цел да го децентрализира филмскиот фестивал кој го организира во Скопје и да го доближи документарниот филм преку проекции под отворено небо за луѓето од оддалечените и рурални места. Ова лето, патувачкото кино ќе се одвива во периодот од 12 до 25 јули во околината на Порече - Македонски Брод, а ние со Библиотеката на тркала им се придружуваме на следните локации и датуми: 

  • 20 јули во с. Требино 
  • 23 јули во с.Брест 
  • 25 јули во с.Манастирец 

Активностите со библиотеката на тркала започнуваат во 18 часот, а проекциите на документарни филмови во 21 часот. 

Придружете ни се! 

Makedoks RAL final 

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Dendo