ДОБРЕДОЈДОВТЕ!

Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор” го поддржува развојот на отвореното општество реализирајќи активности во областа на образованието, уметноста, културата, издаваштвото, како и човековите (детските) права и граѓанското општество.

Фондацијата води, координира, учествува и директно спроведува активности кои промовираат иновации, напредок и развој на работата во предучилишните установи и основните училишта во Република Македонија.

Според мисијата, контексот во кој се наоѓа образованието во Македонија и соработката со други владини и невладини организации, Фондацијата веќе имплементира програми во системот на предучилишно образование, во основните училишта како и во други образовни и културни институции.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието