Активности

Негувајќи ја континуираната комуникација со предучилишните установи и основните училишта во Македонија и продлабочувајќи ја соработката со организациите и министерствата одговорни за прашањата поврзани со децата и младите, Фондацијата „Чекор по чекор“ – Македонија, е дел од реализацијата на неколку проекти насочени кон унапредување на состојбите во образованието во Република Македонија. Во тековниот период, Фондацијата активно работи на следните проекти:

Проект на УСАИД „Со читање до лидерство“

Проект „Зајакнување на капацитетите и свеста за демократија кај Ромите преку образование“

Период на реализација: декември 2015 – август 2017

Имплементатори: Фондацијата „Чекор по чекор“, во соработка со невладините организации „Надеж“ и „Дендо Вас“

Проектот се спроведува со финансиска поддршка на Европската Комисија и Фондациите Отворено општество. Целта на проектот е подобрување на состојбата на ромската заедница, која се карактеризира со незадоволително образовно ниво, учество и постигања, недостаток на знаења и вештини за подобрување на вработливоста и квалитетот на животот во домот и заедницата, што резултира со и незадоволителна финансиска состојба, на ромското семејство што од своја страна неповолно влијае врз ползување на можностите за образование и вработување и за учество во процесите на демократско донесување одлуки на локално и национално ниво. Корисници на активностите се Роми, жители на општина Шуто Оризари и Ѓорче Петров, и тоа: 120 деца на предучилишна возраст (5-6 години), кои не посетуваат градинка; 210 деца од 1-7 одд. (6-12 години) кои ги посетуваат основните училишта „Браќа Рамиз Хамид“ – Шуто Оризари и „Страшо Пинџур“ – Ѓорче Петров и 500 мајки и жени со пониски нивоа на писменост и образование.

ПАРТНЕРИ

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Dendo