КОМПОНЕНТА 5:
Вклучување на семејствата и заедницата

Писменоста не е тема која ги засега само наставниците, училиштата и образовните институции. Писменоста допира голем број на аспекти од нашето секојдневие и сите ние имаме улога во градење на култура за читање во Македонија. Секој од нас може да придонесе за подобро образование на нашите деца и ве поттикнувам да се вклучите во активностите планирани во рамки на Проектот „Со читање до лидерство“ и да работите со младите ученици.'' – Џејмс Стајн, Директорот на Мисијата на УСАИД во Македонија, во своето обраќање за време на официјалното отворање на нашиот проект.

Токму тоа е и целта на оваа компонента: да вклучи што повеќе родители, останати членови од семејството и членови од локалната заедница во заеднички активности со младите ученици и училишната заедница. Важно е сите да бидат информирани и да се подигне свеста на јавноста за важноста од описменувањето и математичките вештини, кои се неопходни за интелектуален развој на децата.

View the embedded image gallery online at:
http://stepbystep.org.mk/mk/5#sigProIdc3f6b27222

Преку оваа компонента, тимот на проектот допира до сите региони во државата, и рурални и урбани средини, и носи креативни иницијативи и активности, како:

  • Работилници за одделенски наставници и родители – Тимот на Проектот организира креативни работилници каде родителите и наставниците заедно изработуваат сликовници и активности наменети за подобро учење математика, што резултира со интерактивно учење и забава кај учениците.
  • Читањето и математиката се забавни“ – Тимот на Проектот заедно со познати личности, омилени за младите ученици, ги посетуваат училиштата и локалните заедници и учествуваат во заеднички сесии читање. Проектот веќе оствари соработка со познати личности како: Сашко Коцев (актер), Гораст Цветковски (актер), Амернис Нокшиќи (актерка), Наумче Мојсовски (ракометар), Венера Љумани (пејачка), Тони Зен (пејач), Јулијана Стефанова (актерка), Петар Горко (актер), а оваа листа ќе се дополнува со уште познати личности од областа на уметноста, науката и спортот.
  • Библиотека на тркала – Модерно опремено возило, богато со сликовници, книги, математички дидактички средства и дигитални содржини кое патува низ сите региони од државата и ќе дојде во вашата локална заедница за заедно со учениците се дружиме и учиме. За повеќе информации за Библиотеката на тркала кликнете тука.
  • Детски креативен центар - Во рамки на проектот обновен и опремен е Детскиот креативен центар при Младинскиот Културен Центар - Скопје. Детскиот креативен центар е претворен во прв специјализиран центар на земјата што им овозможува на учениците да се вклучат во различни активности за читање и математика, со помош на нивните родители и наставници. Тоа е простор од отворен карактер, каде што наставниците ќе имаат можност да дадат свој придонес со позитивни примери од нивната наставна практика. Доколку сте заинтересирани да го посетите центарот, повеќе информации може да прочитате тука.   

Во делот ВКЛУЧЕТЕ СЕ прочитајте како да станете дел од заедничките активностите кои проектот ги организира со цел да ги вклучи претставниците од училиштата, родителите и останатите членови од семејствата на учениците и членовите од локалната заедница.

_________________________________________________________

 

Информациите на оваа интернет страница не се официјални информации на Владата на Соединетите Американски Држави и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на САД.

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ

 

USAID MON logo DIClogo
 Градска Библиотека Скопје Биро за развој на образованието MKC logo