КОМПОНЕНТА 4:
Дигитални ресурси за учење

Повеќе од јасно е дека во оваа технолошка ера, дигиталните и социјалните медиуми играат огромна улога во секојдневието на учениците. Затоа, оваа компонента од проектот креира и адаптира материјали за учење на мајчин јазик и математика, во форма на аудио книги, сликовници, игри и поттикнува користење на ИКТ при изучувањето на мајчин јазик и математика. На тој начин ги користиме дигиталните ресурси и технологијата за да ги доближиме наставните содржини до учениците, користејќи го јазикот кој тие денес многу вешто го говорат – јазикот на технологијата.

Во рамки на оваа компонента изработени се дигитални ресурси за учење кои се достапни во нашата дигитална Библиотека, и тоа: 

  • електронски книги за деца во PDF формат на македонски, албански и турски јазик 
  • аудио-дигитални книги за деца на македонски и албански јазик кои интегрираат слика и нарација која ја читаат наши познати актери 
  • книги за деца толкувани на знаковен јазик за корисници со оштетен слух 
  • електронски активности во форма на едукативни игри

View the embedded image gallery online at:
http://stepbystep.org.mk/mk/4#sigProId03787edfbb

Освен ресурсите во дигитална форма, проектот подготви збирка од 20 наслови сликовници „Нашата прва библиотека“ на македонски јазик и истата ја дистрибуира до сите училници од 1-3 одделение, сите училишни и јавни библиотеки во државата.  Целта е да постигнеме поголема достапност за младите ученици и да ја негуваме љубовта кон книгите во традиционална, печатена форма и во ерата на технологијата.

Во рамки на оваа компонента се подготви и спроведе обука за користење на ИКТ при подучувањето на мајчин јазик и математика во почетните одделенија. На оние наставници кои сакаат да создадат дигитални наставни содржини, им нудиме поддршка при користење на некој од многубројните отворени извори достапни онлајн. Ги собираме и споделуваме и нивните подготовки за час на кој ги користат дигиталните сликовници објавени преку нашиот проект.

_________________________________________________________

 

Информациите на оваа интернет страница не се официјални информации на Владата на Соединетите Американски Држави и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на САД.

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ

 

USAID MON logo DIClogo
 Градска Библиотека Скопје Биро за развој на образованието MKC logo