КОМПОНЕНТА 3:
Заедници за учење

Нашата прва асоцијација за „професионален развој“ се формални процеси како конференции, обуки или работилници. Сепак, соодветни прилики за професионален развој се и неформалните дискусии со колегите, самостојното истражување, набљудувањето часови, како и други начини на учење од колегите. Токму ова е основната идеја на заедниците за учење кои ги воведува Проектот „Со читање до лидерство“. Тие се слободен простор за наставниците и останатиот училишен кадар, за разменување идеи и искуства и работа на развојни активности насочени кон подобрување на раната јазична и матаматичка писменост. Процесот на учење во секоја од заедниците го води ментор назначен од проектот. 

View the embedded image gallery online at:
http://stepbystep.org.mk/mk/3#sigProIdb3ce702f78

Понатаму, заедниците за учење излегуваат и пошироко од самото училиште, станувајќи дел од поширока, регионална мрежа на заедници. Силата на заедниците за учење е во нивниот едноставен, но одржлив модел, во рамките на кој самите членови претставуваат извор на професионалниот развој и подобрување на наставната пракса.

Во рамки на оваа компонента издаден е прирачник кој има за цел да го опише концептот на заедницата за учење и ги нуди сите потребни насоки и материјали за формирање и одржување на една заедница за учење во рамки на училиштето. Прирачникот на македонски јазик е достапен ТУКА, а Фондацијата „Чекор по чекор“ стои на располагање за дополнителна поддршка на сите училишта кои се заинтересирани да формираат заедници за учење.

_________________________________________________________

 

Информациите на оваа интернет страница не се официјални информации на Владата на Соединетите Американски Држави и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на САД.

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ

 

USAID MON logo DIClogo
 Градска Библиотека Скопје Биро за развој на образованието MKC logo