КОМПОНЕНТА 2:
Професионален развој

Повикувајќи се на резулатите од процените на јазичната и математичка писменост, како и потребите на наставниците за професионален развој, Проектот „Со читање до лидерство“ организира обуки за претставниците од сите основни училишта во земјата со цел да ги подобри наставните методи кои се употребуваат во почетните одделенија. Организираме обуки на три различни теми и тоа:

  • „Читаме, учиме, се забавуваме“ - обука за одделенски наставници за техники за подучување мајчин јазик на иновативен и забавен начин
  • „Математика+“ - обука за одделенски наставници за техники за подучување математика на иновативен и забавен начин
  • „Нашата училница - нашиот свет“ - акции за преуредување на училниците по одделенска настава каде се вклучени наставниците и родителите. Целта на овие акции e празните и неатрактивни училници ги претвораат во удобна, стимулативна и инспиративна средина за учење за најмладите ученици. 

Активностите кои се презентираат за време на обуките можат лесно да се прилагодат за да и родителите ги користат при учење со децата дома.

View the embedded image gallery online at:
http://stepbystep.org.mk/mk/2#sigProIdca8d57396e

Истражувањето и искуството ни потврдуваат дека високо-квалитетниот и постојан професионален развој на наставниците го унапредува познавањето на наставните содржини и педагошките вештини, нуди можност за вежба, истражување и рефлексија, и истовремено води кон одржливост и соработка. Професионалниот развој подеднакво им е потребен како на помладите, така и на поискусните наставници зашто им овозможува да бидат во тек со современите трендови. Вложувајќи во нашите наставници вложуваме во успехот на нашите училишта и успехот на нашите деца.

_________________________________________________________

 

Информациите на оваа интернет страница не се официјални информации на Владата на Соединетите Американски Држави и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на САД.

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ

 

USAID MON logo DIClogo
 Градска Библиотека Скопје Биро за развој на образованието MKC logo