КОМПОНЕНТА 1:
Процена на јазична и математичка писменост

Проектот на УСАИД „Со читање до лидерство“ воведе два инструменти за процена: ЕГРА (Early Grade Reading Assessment) инструмент за процена на јазичната писменост и ЕГМА (Early Grade Mathematics Assessment) инструмент за процена на математичката писменост. Првично создадени од УСАИД и Светска Банка, овие инструменти имаат глобален досег, се употребуваат во 70 земји низ светот, и прилагодени се на повеќе од 120 јазици. Нашиот проект ги прилагоди на македонски, албански и турски јазик.

Спроведувани од обучен оценувач, на јазик кој детето може да го разбере, овие усмени тестови се во склад со основните вештини кои децата можат и треба да ги совладаат во најраната фаза на образованието. Проектот овозможи обука и по еден таблет компјутер за претставниците на сите основни училишта во Македонија, со цел да го направи процесот на собирање податоци поефикасен, а резултатите поверодостојни.

View the embedded image gallery online at:
http://stepbystep.org.mk/mk/1#sigProId935a0b318e

На почетокот од проектните активности, ЕГРА и ЕГМА најпрво се пилотираа во 21 училиште одбрани преку процесот за селекција со отворен повик до училиштата, за потоа бројот на училишта во кои се спроведуваат мерењата постепено да се зголемува во понатамошните фази на проектот, опфаќајќи училишта од сите региони од државата. 

Во мај 2014 год., беше спроведена студија за процена на почетната состојба за постигањата на учениците по мајчин јазик и математика во 42 училишта од сите региони од државата. Целосниот извештај за студијата можете да го симнете тука

Во мај 2015 год., беше спроведена студија за процена на постигањата на учениците по мајчин јазик и математика во 62 училишта од сите региони од државатаЦелосниот извештај за студијата можете да го симнете тука.

Од септември 2015 год., на барање на Министерството за образование и наука на РМ, сите основни училишта во Република Македонија се вклучуваат во проектот за да учествуваат во студија за процена на јазичните и математичките вештини на државно ниво во мај 2016. Извештајот од таа студија може да го симнете тука. Во исто време, продолжуваме да го следиме напредокот на избрани ученици од 42 училишта, процес кој го започнавме во 2014 година. Проектот спроведе обука за претставници од сите основни училишта за администрација на процените со помош на инструментите ЕГРА и ЕГМА на таблет компјутер. Подетални одговори и објаснувања на најчесто поставувани прашања во врска со користењето на инструментите ЕГРА и ЕГМА може да најдете тука.     

Во текот на процесот собираме и дополнителни податоци со цел да се добие појасна слика за факторите кои влијаат на писменоста кај децата.

Резултатите ги споделуваме со училиштата и останатите релеватни образовни институции со цел да се идентификуваат клучните вештини и полиња кои треба да се подобрат, да се подигне јавната свест за важноста на овие компетенции, да се подобри образовната политиката и наставната програма. Во периодот кој претстои, резултатите од процените на јазичната писменост ќе ги искористиме за да изработиме индикатори за читање и рана јазична писменост, со што наставниците полесно ќе можат да ги идентификуваат оние ученици кои не успеваат да ги постигнат зададените очекувања и наставни цели и на истите да им се овозможи соодветна и поддршка.

_________________________________________________________

 

Информациите на оваа интернет страница не се официјални информации на Владата на Соединетите Американски Држави и не ги изразуваат ставовите на Агенцијата на САД за меѓународен развој или на Владата на САД.

ПАРТНЕРИ НА ПРОЕКТОТ

 

USAID MON logo DIClogo
 Градска Библиотека Скопје Биро за развој на образованието MKC logo