СПЕЦИФИЧНА ЦЕЛ 1

Развивање на Предлог национална рамка за квалитет во ПОВЗ заснована на Предлогот на Европската комисија до Советот за Препорака за висококвалитетни системи за предучилишно образование, воспитание и згрижување (2018).

Проектни активности

Развивање на Предлог национална рамка за квалитет во ПОВЗ заснована на Клучните начела на ЕУ за рамка за квалитет за ПОВЗ преку:
  • Подготвување на Анализа на состојбата во ПОВЗ од аспект на тековните решенија за осигурување квалитет, во согласност со Предлог клучните начела на ЕУ, со цел утврдување на состојбите, потребите, пречките и можностите за приближување кон европските стандарди во оваа област. Анализата ќе послужи за планирање, градење на капацитети, лобирање и залагање, и ќе обезбеди препораки за конципирање на Предлог национална рамка за квалитет во ПОВЗ.
  • Адаптирање на Европската рамка и подготвување на Предлог национална рамка за квалитет во ПОВЗ, вклучувајќи дефиниција и компоненти на квалитет, улоги на засегнатите страни, клучни начела за учеството на граѓанското општество во следење на квалитетот на локално ниво, инструменти и индикатори за следење и вреднување на системот и на установите, материјали за обука и предлог за имплементација на Рамката.
  • Пилотирање на Рамката во соработка со граѓанското општество.
  • Финализирање и презентирање на Рамката пред Министерството за труд и социјална политика и други надлежни тела

ПАРТНЕРИ на ECEC

       eu za tebe     eu flag      
  Надеж     mutant