ОБРАЗОВАНИЕ НА ПОМАЛУБРОЈНИТЕ ЕТНИЧКИ ЗАЕДНИЦИ

Во февруари 2019 година започнавме со реализација на проектот „Образование на помалите етнички заедници“. Овој проект е четиригодишен проект на Фондацијата Отворено Општество- Македонија (ФООМ) кој ФООМ ќе го спроведува во партнерство со Управата за развој на образованието на јазиците на малите етнички заедници при МОН (Управата) и Бирото за развој на образованието (БРО). Фондацијата за образовни и културни иницијативи „Чекор по чекор”- Македонија е стратешки партнер на Фондацијата Отворено општество – Македонија (ФООМ) во спроведувањето на овој проект.

obrazovanie na malubrojnite etnicki zaednici 1 

Проектот поаѓа од заложбите за активно граѓанство и социјална кохезија како предуслови за градење демократско општество и се потпира на убедувањето дека инвестирањето во квалитетно образование за сите е најефикасен начин да се стигне до таму. Проектот се заложува образованието да биде клучен промотор на социјалната кохезија, а училиштата како природни средини во која етничките, културните и јазичните различности се разбираат, промовираат и вреднуваат како предност, места каде сите ученици треба да се чувствуваат добредојдени и да имаат можност да ги постигнат своите максимум потенцијали за учество, учење и напредување.

obrazovanie na malubrojnite etnicki zaednici 2

Училиштата кои изведуваат настава на јазиците на помалите етнички заедници (турски, босански, српски) се соочуваат со разлики во образовната инфраструктура, разлики во образовните квалификации и јазични компетенции како и можностите за професионален развој на наставниот кадар, недостиг од дидактички материјали итн. Ова се само дел од факторите и реалните пречки нивните ученици (кои претставуваат 10% од вкупниот број на ученици во државата) да добијат основно образование со еднаков квалитет со останатите врсници.

ПРОЕКТОТ СЕ РЕАЛИЗИРА ВО СЛЕДНИТЕ 10 ПРОЕКТНИ УЧИЛИШТА:

  • Браќа Рамиз и Хамид, Шуто Оризари
  • Мустафа Кемал Ататурк, Д. Количани
  • Браќа Рибар, Табановце
  • Рајко Жинзифов, Д. Оризари, Велес
  • Страшо Пинџур, Карбинци
  • Кирил и Методиј, Кучевиште
  • Светозар Марковиќ, Старо Нагоричане
  • Гоце Делчев, Василево
  • Неџати Зекирија, Коџаџик
  • Дитуриа, Сарај

PARTNERS

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието