ОГЛАС ЗА ОБУЧУВАЧ ЗА МЕКИ ВЕШТИНИ ЗА МЛАДИ, НЕВРАБОТЕНИ ЛИЦА СО ПОПРЕЧЕНОСТ

Проектот „Инклузивни партнерства со заедниците“има за цел да го обезбеди правото на пристап кон услуги и да промовира социјална инклузија и инклузија во локалната заедница на лица/млади со попреченост, преку зајакнување на свеста на локално ниво и градење на капацитетите за градење на одржливи, инклузивни локални партнерства.

Цели на обуката:

Планираните обуки имаат за цел да ги подобрат меките вештини за работа кај младите со попреченост, за да можат да бидат активни учесници во економијата и конкурентни на пазарот на трудот. Невработените млади личности со попреченост од 6 селектирани општини ќе присуствуваат на петдневна обука која ќе им помоге да ја пронајдат и добијат посакуваната работа. Преку учество во овие обуки за меки вештини, учесниците ќе можат да ја подобрат меѓусебната комуникација и тимската работа, да стекнат лидерски вештини, подобро да ги решаваат проблемите, и да стекнат вештини со кои лесно ќе се прилагодат во новата работна средина. Во текот на обуката, со учесниците ќе се симулира процес на интервју за работа, пополнување на апликации за работа (правење на лична биографија и мотивационо писмо), како и подготовка за интервју за вработување.

Главни задачи на обучувачот:

  • Воспоставување на блиска соработка со Проектниот тим, тимот на обучувачи, учесниците на обуката и останатие засегнати страни
  • Развивање на методологија за партиципативни и интерактивни обуки во соработка со Проектниот тим и останатите тренери. Методологијата треба да содржи:
·         цели на обуките и опис на пристапот и релевантноста на модулите;

·         агенда на обуките;

·         помошни материјали;

·         теоретска позадина и меѓународни искуства;

·         практични вежби;

·         инструмент за евалуација на обуката;

·         извештај од спроведената обука (форматот ќе биде обезбеден од проектниот тим);

  • Обезбедување на информации за постоечките регулативи, услуги и барања за активните баратели на работа. Обезбедување на контакти и линкови за поврзување и комуникација со Агенцијата за вработување и Работодавците од приватниот сектор;
  • Подготовка на модули за подобрување на меките вештини кои ќе имаат за цел да ја зголемат конкурентноста за вработување на целните групи, вклучувајќи техники за подобра комуниација, лидерство, решавање на проблеми, финансиски менаџмент и однесување на работно место;
  • Обучувачот треба да се ги подготви учесниците да состават кратка биографија, мотивационо писмо, и да учествуваат на интервју за работа
Место на спроведување на обуката: Локално во 6-те избрани општини

Времетраење на ангажманот: 5 дена

Временска рамка: Октомври 2018 – Јануари 2019

На крајот на обуката учесниците ќе умеат:

  • да развијат и одржат професионална соработка со другите учесници на обуката и сите останати релевантни страни (претставници од Агенцијата за вработување, работодавците и организациите на работодавци, училишта и невладини организации на лицата со попреченост или невладини организации кои ги застапуваат лицата со попреченост);
  • да остварат подобра меѓусебна комуникација, тимска работа, лидерски способности, способности за решавање на конфликти, финансиски менаџмент и вештини за однесување и приспособување на работно место;
  • успешно да бараат можности за работа и да аплицираат на истата;
  • успешно да одговорат на прашањата на интервју;
  • да развијат поголема самодоверба и чуство на самопочитување и остварување;
  • да ги зголемат своите можности за вработување;
Барани квалификации и услови за работа:

  • Прв циклус студии во општествени науки.  Втор циклус на студии ќе се смета за предност. Кандидатите кои немаат соодветно образование, ќе треба да презентираат соодветни квалификации и повеќегодишно работно искуство.
  • Искуство во образовна, социјална или трудова инклузија, или посредување во барање на работа
  • Искуство во работа со граѓански организации, образование и пазарот на труд;
  • Искуство во работа со инклузија на лица со попреченост (најмалку 3 години);
·         Искуство во развивање модули и спроведување обуки (барем 10 спроведени обуки);

  • Искуство во спроведување обуки за меки вештини (најмалку 3 обуки)
  • Солидно познавање англиски јазик.
Ги охрабруваме лицата кои ги исполнуваат критериумите и имаат попреченост да аплицират на овој оглас.

Овој оглас е отворен само за државјани на Р. Македонија. Ги покануваме заинтересираните кандидати да достават изјава за интерес и ажурирана професионална биографија на следнава адреса Questo indirizzo email è protetto dagli spambots. E' necessario abilitare JavaScript per vederlo.  Крајниот рок за доставување на апликациите е 21.09.2018.

PARTNERËT

USAID OSI Member of ISSA-logo-final FOSIM
Надеж EU DIC Биро за развој на образованието